Одбојкарките на Работнички повторно го освоија одбојкарскиот Куп на Македонија. Во извонредно финале, скопските ривали покажаа дека и оваа сезона ќе имаме исклучително интересна завршница на одбојкарскиот шампионат кај дамите.
Одбојкарките на Јанта Волеј успеа да го освојат првиот сет од финалето со 25:19. Ова водство најави сосема поинаков интензитет на игра во наредните три сета во кои и двата тима беа многу блиску до освојување на секој сет.
Работнички покажа дека има повеќе нерви во завршницата на сетовите и по голема борба сите три наредни сета ги доби со минимална предност од само два поени. Тоа, сепак, беше доволно за голема радост на „црвено-белите“.
„Работнички по 13 пат во историјата од постоење на клубот покажа дека само со тимска, посветена, квалитетна и континуирана работа се постигнуваат врвни резултати. Горд сум на играчите и целиот стручен штаб“, изјави за ТВ Алсат, Душко Деспотовски, тренер на ОК Работнички.