КК Ангели имаа одлични 15 минути под „Кале“ во Скопје, но не го задржаа големото водство, односно фаворитот Работнички славеше убедлива победа од 86:69 во третото коло од машкиот кошаркарски шампионат.
Кај стрелците во Работнички 21 поен (шест асистенции) имаше Емерсон, додека на спротивната страна Мандерсон реализираше 22 поени (четири скокови).
На останатите денешни дуели: МЗТ Скопје Уни Банка – Гостивар 67:92, Кожув – ФМП Академија Навико 69:76 и Куманово – ТФТ 68:85.
Како и Работнички, така и ТФТ останува единствениот без пораз досега сезонава, во победата над Куманово најефикасен беше Хортон со 20 поени (10 скокови), а кај поразените истиот учинок го имаше и Глигоријевиќ со еден скок помалку.
Во некомплетната рунда моментно на табелата водат ТФТ и Работнички со по шест бодови, Гостивар има пет, по четири Пелистер, МЗТ Скопје Уни Банка, ФМП Академија Навико и Куманово, по три МЗТ Скопје Аеродром, Феникс 2010, Еуро Никел, Кожув и Ангели.