Работник од Пехчево пронашол коски кои наликувале на човечки при извршување ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба.

Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена во текот на вчерашниот ден од 39-годишниот Г.Ј. од Пехчево, кој ги извршувал работите во близина на старите гробишта.

По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Фото: илустрација

Текстот Работник нашол човечки коски кај студентскиот дом „Стив Наумов“ додека копал со багер е превземен од МАКФАКС.