Веќе знаеме некои основни правила за перење алишта – на пример, перење на бели одделно од обоени парчиња. Никој не сака белите гаќи да му станат розови поради црвената маица.

Но, поделбата по боја не е единственото нешто до кое треба да се придржуваме. Одредени ткаенини и облеки едноставно не се компатибилни – не поради бојата, туку поради ризикот од истегнување, па дури и кинење.

Десет комбинации кои никогаш не треба да се перат заедно во машина:

Крпи и нежни ткаенини

Како што објаснува Алиша Соколовски, директорка на „Аспен клин“, крпите и нежните ткаенини како градници и џемпери едноставно не одат заедно.

Крпите се тешки и груби и можат да ги истегнат или оштетат деликатните материјали“, вели таа.

Исто така, куките за градник лесно можат да се закачат на петелките за пешкири – со што се уништуваат и двете. Доколку треба да ги перете заедно, градникот ставете го во мрежеста кеса наменета за перење долна облека.

Крпи и спортска облека

Можеби изгледа логично да ја фрлите целата торба за вежбање во машината одеднаш, но тоа не е добра идеја.

„Крпите ја апсорбираат влагата од спортската облека, што може да ги оштети ткаенините што се дизајнирани да ја исфрлаат потта и брзо да се сушат“, вели Соколовски.

Идеално е да се мие спортската опрема во ладна вода, на деликатен циклус и да се суши природно. Ако апсолутно мора да ја користите машината за сушење – изберете ниска температура.

Фармерки и лесни ткаенини

Фармерките и нежната облека не одат заедно.

„Фармерките се тешки и груби, па триењето може да ги оштети полесните материјали“, предупредува Соколовски. Најдобро е да ги перете со облека со слична тежина. И не треба премногу често да ги миете – ќе траат подолго.

Постелнина и облека

Една навлака за перница со гардероба – во ред. Но, цел комплет постелнина, особено чаршафи, може да создаде хаос.

„Големи површини на постелнина може да се заплеткаат со облеката, што го отежнува рамномерното миење и сушење“, вели Соколовски.

Постелнина и чорапи

Звучи чудно, но ако некогаш сте се запрашале каде исчезнува другиот чорап – веројатно е заглавен некаде во чаршафот.

Тејлор Сатерленд вели дека ова е најчеста причина поради која чорапите „исчезнуваат“ во машината за перење.

Јоргани и облека

Тешките јоргани не треба да се мешаат со облеката.

„Тие ја преоптоваруваат машината и спречуваат правилно перење и сушење“, вели Соколовски. Измијте ги посебно, на програма за големи и тешки предмети.

Гардероба со патенти и нежни ткаенини

Патентите се чест виновник за оштетување на нежните ткаенини.

Решение?

„Затворете ги сите патенти и ставете деликатни предмети во мрежеста кеса“, советува Соколовски.

 

Текстот Работи што не треба да ги перете заедно во машина за перење, ќе ги уништите е превземен од МАКФАКС.