Кшиштоф Пјатек, напаѓачот на Башакшехир, откри дека во минатото Реал Мадрид покажал сериозен интерес за него, на крајот трансферот му го расипал Лука Јовиќ.
Во сезоната 2018/19 Јовиќ и Пјатек блескаа на „стариот континет“. Јовиќ за Ајнтрахт, постигна 27 гола на 47 натпревари, Пјатек беше на насловните страници во Италија. Играјќи за Џенова и Милан постигна 30 гола на 42 натпревари.
„Сега можам да ги откријам деталите. Реал Мадрид избираше меѓу мене и Лука Јовиќ. Од претходно знаев дека скаутите на Реал ме гледаат во Милано и собираат информации. Имав состанок со директорите Леонардо и Малдини кои беа лути затоа што моите менаџери разговараа со Реал и се обидоа да направат приказна. Сметаа дека тоа не е фер моја страна, бидејќи веќе играм за голем клуб. Се бранев дека знам само за интересот и дека лично не сум разговарал со никого. Знаев дека шансите се 50/50“, изјави полскиот напаѓач.
Како што е познато, Реал Мадрид тоа лето го избра Јовиќ и го донесе од Ајнтрахт во трансфер вреден 63 милиони евра. Но, се покажа дека ниту Јовиќ ниту Пјонтек подоцна не ги повторија тие сезони и гне изградија кариери какви им предвидуваа.
Србинот мина година и пол во Реал Мадрид и на 32 натпревари постигна два гола, по што накратко се врати во Франкфурт како позајмен играч. Во Реал Мадрид остана уште една сезона, постигна гол на 19 натпревари и се пресели во Фиорентина. Таму остана една година, а потоа се пресели во Милан.
Пјонтек остана во Милан, но неговите перформанси се влошија и тој беше продаден на Херта по само шест месеци за 24 милиони евра. Подоцна го испратија на позајмица во Фиорентина и Торино, за во последните две сезони игра добро во Башакшехир, каде ја оживеа кариерата и постигна 45 гола на 73 натпревари.
Текстот Пјатек: Реал Мадрид избираше меѓу мене и Лука Јовиќ е превземен од МАКФАКС.