Младиот Австралиец, Оскар Пјастри прв пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата во глана трка во шампионатот на Формула 1. Пјастри беше пред конкурентите во квалификациите за трката на Големата награда на Кина. Од првиот ред, трката ќе ја започне изненадувањето Џорџ Расел од Мерцедес.

Пјатри блескаше во третата сесија, на патеката во Шангај. Во двата круга постави најдобро време 1:30.641 минути. Австралиецот ја освои првата пол-позиција во кариерта. Минатата сезона два пати имаше пол-позиција во спринт трките.

Веднаш д него трката ќе ја започне Џорџ Расел. Возачот на Мерцедес, во последниот круг, задоцни само 82 илјадити делови од секундата за освојувачот на пол-позицијата.

Во вториот ред се победникот на трката во Австралија, Ландо Норис и актуелниот шампион Макс Ферстапен. Третиот ред им припадна на возачите на Ферари: Луис Хамилтон кој победи во спринтот во Шангај и Шарл Леклер.

Одлични квалификации имаа возачите на Рејснг Булс, Исак Хаџар и Јуки Цунода. Се пласираа на седмото и деветтото место. Меѓу нив е Андреа кими Антонели возачот на Мерцедес. Топ 10 завршува со Алекс Албон од Вилијамс.

Трката за Големата награда на Кина в неде ла ќе започне во 8 часот по средноевропско време.

Текстот Пјастри прв ќе стартува во Кина, Расел пред Норис и Ферстапен е превземен од МАКФАКС.