Рускиот претседател Владимир Путин вчера го поддржа мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток.

Најважниот елемент од мировниот договор во регионот останува решение за две држави меѓу Израел и Палестина, нагласи Путин на настан на политичкиот клуб Валдаj во Сочи. Сепак, подготвен e да му даде шанса на моделот на Трамп, рече тој. „Поранешниот британски премиер Тони Блер, кој е назначен за член во привременото меѓународно тело за мониторинг на Газа, можеби не е познат како ангел чувар на мирот, но е искусен политичар“, рече рускиот претседател.

Важно е што и Израел и Палестинската самоуправа и милитантната палестинска организација Хамас се согласија со решението, додаде тој. Трамп предложи прекин на огнот во Појасот Газа како дел од мировниот план од 20 точки што го презентираше во Вашингтон пред пет дена.

Планот вклучува целосно разоружување на Хамас и итно ослободување на сите преостанати израелски заложници што ги држи Хамас во замена за стотици палестински затвореници, како и повлекување на израелската војска од Појасот Газа.

Хамас нема да има никаква улога во управувањето со крајбрежниот појас, а на Израел му е забрането и да анектира територија. Наместо тоа, Појасот Газа ќе биде управуван од преодна влада на палестински технократи под надзор на идни меѓународни сили за стабилизација.

Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и министрите за надворешни работи на неколку арапски држави, вклучувајќи ги Катар, Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, исто така изразија поддршка за планот.

фото: принтскрин

Текстот Путин: Тони Блер можеби не е познат како ангел чувар на мирот, но е искусен политичар е превземен од МАКФАКС.