Русија не само што внимателно следи, туку се обидува и да придонесе за решавање на ситуацијата во Појасот Газа, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Ние не само што внимателно следиме, туку се обидуваме и, заедно со нашите партнери на Блискиот Исток, да придонесеме за ова решение“, рече Путин, зборувајќи за ситуацијата во Појасот Газа, пренесува РИА Новости. Тој на самитот Русија-Централна Азија што се одржува во Душанбе, Таџикистан, рече дека Русија добила сигнали дека Израел е посветен на мирно решение и не е заинтересиран за „никаков вид конфронтација“.
Тој, исто така, рече дека Русија се надева дека иницијативите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со мирот во Појасот Газа ќе бидат спроведени. „Цврсто се надеваме дека овие иницијативи на американскиот претседател навистина ќе бидат спроведени во пракса“, истакна тој. Додаде дека неговата земја продолжува да одржува доверливи контакти со Израел.
Израел и Хамас постигнаа договор со помош на медијатори за ослободување на заложниците што ги држи Хамас и повлекување на израелската армија, што се очекува да стапи на сила по состанокот на кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Фото: принтскрин
Текстот Путин: Русија се обидува да придонесе за решавање на ситуацијата во Газа е превземен од МАКФАКС.