Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за повлекување на Русија од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (CFE), се вели во документ објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.
Договорот CFE беше потпишан во Париз во 1990 година, а ажурирана верзија на договорот беше потпишана во 1999 година на самитот на ОБСЕ во Истанбул, пренесе РИА Новости.
Прилагодениот договор го ратификуваа само четири земји – Русија, Белорусија, Казахстан и Украина.