Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го одликува со Орден.
Највисокото руско одликување му беше доделено на Лавров на неговиот 75-ти роденден, пренесува РИА Новости.
„За исклучителни заслуги за татковината, голем придонес во развојот и спроведувањето на надворешната политика на Руската Федерација и долгогодишната плодна државна активност, да се одликува со Орден на светиот апостол Андреј Првоповикан, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Викторович Лавров“, се наведува во документот потпишан од Путин.
Текстот Путин го одликува Лавров со Орден на неговиот 75-ти роденден е превземен од МАКФАКС.