Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ остро го демантираше написот на италијанскиот весник „Ла Република“, кој објави дека капитенот на репрезентацијата на САД сака да го напушти клубот поради наводно несогласување што го имал со тренерот Серж Консеикао.
„Никогаш не сум се расправал со тренерот и никогаш не сум побарал да си заминам. Многу сум среќен во Милан и сакам да продолжам да го носам овој дрес. Читањето на овие лаги е неприфатливо, но ајде сите да останеме обединети и да се бориме заедно на теренот, за клубот и за нашите навивачи“, рече Пулишиќ во изјава за клупската веб-страница.
Пулишиќ беше заменет во 63. минута од натпреварот против Феенорд во вторникот вечерта, а нема старт на два од последните четири натпревари на Милан.
Оваа сезона Американецот одигра 33 натпревари за Милан во сите натпреварувања и постигна 12 гол што го прави најдобар стрелец на тимот.
Милан во вторникот вечерта беше елиминиран од Лигата на шампионите од Феенорд и е седми во Серија А со 41 бод, пет помалку од Јувентус кој е на четвртото место.
Во Купот на Италија, Милан се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против победникот од натпреварот Интер – Лацио.
Текстот Пулишиќ: Читањето на овие лаги е неприфатливо е превземен од МАКФАКС.