Две лица починаа во смртоносна престрелка што се случи утринава во фабриката на „Мерцедес Бенц“ во Jугозападна Германија. Локалната полиција на Твитер претходно објави дека едно лице починало, додека друго е тешко повредено. Не е познато дали вториот починат е повреденото лице.
Од полицијата додаваат дека „веќе нема никаква опасност за вработените во фабриката“.
Осомничениот е приведен по пукањето во Синделфинген, соопшти полицијата во блискиот град Лудвигсбург.
„Полициска операција во моментов е во тек во близина на фабриката. Полицијата и спасувачите се на должност“, објавија претходно на Твитер полициските сили.