Бројот на случаи на птичји грип во Германија е екстремно нагло зголемен во последните две недели, изјави денес министерот за земјоделство Алојз Рајнер, предлагајќи зголемени заштитни мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

„Моментално имаме многу жаришта, како кај дивите птици, така и на живинарските фарми“, рече Рајнер, нагласувајќи дека ова не е невообичаено за ова време од годината.

„Не е невообичаено за ова време од годината“, нагласи министерот, но брзото ширење на инфекцијата во последните 14 дена покажува дека ситуацијата е сериозна и дека е важно да се преземат заеднички и координирани мерки.

Повеќе од илјада мртви жерави се пронајдени во близина на Берлин, а се верува дека причина за смртта на птиците е птичји грип. Министерството за земјоделство на сојузната покраина Баден-Виртемберг вчера објави дека поради ширењето на вирусот, околу 15.000 птици ќе бидат убиени на живинарската фарма во Елинген.

Птичјиот грип е заразна болест која често е фатална за птиците и живината, но не е опасна за луѓето. Покрај заштитата на животните и спречувањето на штети во земјоделството и прехранбената индустрија, приоритет, според министерот за земјоделство, е да се запре вирусот.

Текстот Птичји грип се шири бргу во Германија е превземен од МАКФАКС.