НБА започна официјални преговори со Qatar Sports Investments (QSI), сопственик на фудбалскиот гигант ПСЖ, за можноста за основање НБА франшиза во Париз.

Како што пишува францускиот весник „Ле Паризијен“, во игра се две опции, преземање на постоечкиот кошаркарски клуб Париз или формирање на целосно нов тим, кој би имал поддршка од моќни инвеститори од Катар.

Преговорите се во тек, а ПСЖ накратко го потврди интересот за учество во овој историски проект.

„Покажавме интерес“, изјави портпаролот на клубот.

За потсетување, челниците на НБА, наводно, веќе имаат јасна визија на кои 11 градови потенцијално би се проѓирила лигата во Европа.

Андреас Заглис, првиот човек на ФИБА, се очекува да присуствува на претстојниот состанок на Бордот на гувернери на НБА, на кој ќе се разговара на оваа тема.

НБА ги избра следните градови: Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина.

Текстот ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата е превземен од МАКФАКС.