Како што објави „Лекип“, Ред Бул се подготвува да го преземе парискиот фудбалски клуб со семејството Арно, а веста одекна во Франција бидејќи големото богатство на идните сопственици потенцијално ќе го промени фудбалот во Париз и низ целата земја.
Во Лига 1, од повеќе причини, нема градови кои имаат два клуба во лигата. Како што стојат работите оваа сезона, географски се најблиску Ница и Монако – ги делат околу 20 километри. Но, тоа може да се промени.
Париз вложи многу во тимот во текот на летниот преоден рок, а тоа полека но сигурно се исплати. Париз моментално е лидер во Лига 2. Доколку се случи најавеното преземање на клубот, семејството Арно и Ред Бул сигурно ќе имаат пари за високи амбиции.
Очекувано, реакциите на навивачите на Париз на оваа вест се позитивни, а ништо поразлично не е и кај потенцијалните градски ривали Пари Сен Жермен.
„Тоа е одлична вест. Тоа би било фантастично за Париз и за францускиот фудбал. Тоа би донело здраво ривалство во нашиот главен град на највисоко ниво“, изјави првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Хелаифи за RMC Sport.
Текстот ПСЖ е воодушевен од најавената продажба на Париз на Ред Бул е превземен од МАКФАКС.