Килијан Мбапе ќе биде продаден ова лето. Пари Сен Жермен одлучи да ја продаде првата ѕвезда откако тој го одбил ултиматумот на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, и нема да го продолжи договорот со клубот. Емирот вчера даде ултиматум, а Мбапе одговори негативно и синоќа приказната веќе беше завршена.
Најскапоплатениот играч на ПСЖ мора или да го продолжи договорот што му истекува следното лето или да си замине до крајот на месецот. Трета опција нема бидејќи ПСЖ не помислува да ја пушти суперѕвездата која заработува неверојатни 72 милиони евра годишно без обештетување.
Мбапе одговори на ултиматумот на емирот дека не сака да игра за ПСЖ после јуни 2024. Според француските медиуми, емирот доцна синоќа го прекинал тоа и одлучил да го продаде Мбапе.
„Емирот на Катар и Флорентино Перез се договорија за трансферот на Мбапе за 200 милиони евра фиксни и 50 милиони евра бонус“, пишува „psgcommunity“, сајт кој е одлично информиран за случувањата во ПСЖ.
Мбапе најверојатно ќе замине од ПСЖ во Реал по шест години, 260 натпревари за „светците“ и ефект од 212 гола и 98 асистенции.