Вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, но со секоја појава на нова варијанта на коронавирусот, ефикасноста на вакцините опаѓа, вели микробиологот Никола Пановски за Фактор.
Се појавија сосема различно соеви на коронавирусот и токму тие се главната причина поради што поединци повторно се заразуваат иако веќе еднаш ја прележале болеста. И вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, а сега, со секоја појава на нова варијанта, нивната ефикасност опаѓа. За сојот омикрон, на пример, вакцините едвај штитат 30 проценти. Сепак, важен момент е тоа што огромен број од луѓето кои прележале корона и сега повторно се заразени, не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем. Тоа е така затоа што многу посилен имунитет стекнуваат луѓето кои веќе еднаш го прележале вирусот, отколку оние кои само се вакцинирани, а никогаш не се заразиле – објаснува д-р Пановски.
Тој додава дека само вакциналниот имунитет не е доволен.
За жал, кај нас „некои глави“ тврдат дека вакциналниот имунитет е подобар, што според мене е трагикомично. Според науката, супер имунитет имаат луѓето кои прво биле заразени, а потоа се вакцинирале. На толку многу мутации, особено со омикрон, само прележаноста едноставно „не важи“, особено за луѓето кои се заразиле во 2020 година или лани пролетта. Изминат е долг период, а со текот на времето имунитетот опаѓа. Овој сој ги заразува сите, но многу е важно што оние кои претходно биле болни, а потоа и се вакцинирале, ќе поминат многу полесно – посочува д-р Пановски за Фактор.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.