Албина цврсто ја држеше фотографијата со нејзиниот уништен стан во Киев, но не успеа да ги задржи солзите додека се присети дека остатокот од семејството е таму. Оваа Украинка вели дека нејзиниот син не го напуштил домот иако има 5 месечно бебе. Била во Киев кога почнало руското бомбардирање, а во Македонија пристигнала пред четири дена. Албина Јонуз ги раскажа тешкотиите како избегала од Киев и пеш ја минала границата со Молдавија. Потоа од Романија во Бугарија и пристигнала во Скопје.
„Таму имам 3 деца, 6 внуци, мајка во Киев. На мојот син Николај му е потешко бидејќи има 5 месечно бебе. Како да не плачам овде? Дали комуницирате со нив? Да, сè уште контактираме, тие стојат не се предаваат, не даваат ни педа од нивната земја. Се држат, иако немаат што да јадат и пијат“, рече Албина Јонуз, државјанка на Украина во Скопје
Албина беше една од десетината демонстранти кои излегоа на улиците на Скопје. Нивното барање беше да се затвори воздушниот простор над Украина за да се запре рускиот терор. Првиот човек на Здружението на Украинци во Македонија порача дека некој треба да го спречи Путин.
„Јас и сите што дојдовме овде денеска да го изразиме својот револт знаеме зошто дојдовме тука. Целиот свет сака овој ужас да заврши, уште еднаш бараме војната на Путин да престане, да престане да врши геноцид врз украинскиот народ. Слава на Украина!“, изјави Олегсандар Урбаноевиќ, раководител на Здружението на Украинците во Македонија
Илјадници луѓе се собраа на протести во неколку европски градови. Во Лондон, Рига и Минхен извикуваа антивоени слогани за поддршка на Украина. Досега единственото место на кое се демонстрираше во поддршка за руската агресија врз Украина е Белград. Пред неколку дена стотици граѓани се собраа во главниот град на Србија со руски и српски знамиња, скандирајќи дека се браќа. /Алсат.мк
Аднан Ќаили