Научните истражувања во светски познатите лаборатории покажале дека прополисот има антибактериско, антивирусно, антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетичко дејство.
Научно е докажано дека тој по своите својства е чист природен антибиотик.
Помага во лекување на воспалителни процеси на органите за варење, респираторните и гинеколошките органи, афти, гастритис, чир, ринитис, асматичен бронхитис, ерозија на грлото на матката и други заболувања.
Утврдено е дека позитивно дејствува на дијабетот со смалување на шеќерот во крвта, без негативни ефекти на работата на бубрезите и црниот дроб.
Прополисот има широка употреба во дерматологијата: третирање на рани, изгореници, егземи, габични заболувања.