Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал тој и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата е превземен од МАКФАКС.