Вчера во 12 часот во Полициската станица Гази Баба полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(50) од с.Сарај,скопско, поради тоа што при претходно извршен претрес во неговиот дом со судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени пиштол и 53 куршуми, соопшти МВР.

Тој е задржан во полициска станица, а ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл.396 од КЗ. Известен бил јавен обвинител и по негова насока пријавениот во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Текстот Пронајдени пиштол и 53 куршуми кај лице од Сарај е превземен од МАКФАКС.