Среќната жена од Калифорнија пронашла зашиена сума од 36.000 долари во перницата од софата која ја земала бесплатно преку мали огласи на интернет, но била искрена и му ги вратила парите на сопственикот.
Вики Умоду се обидела да го опреми својот стан со скромни средства и била пресреќна кога нашла оглас во кој бесплатно се подарува софа.
„Само што се преселив и немаше ништо во куќата“, објасни таа за локалниот канал ABC7 од нејзиниот дом во Колтон во близина на Лос Анџелес.
Но, едната перница имала „грпка“ и во обид да ја поправи, новиот сопственик пронашол пликови полни со готовина, секој со илјадници долари.
„Му се јавив на син ми и викав: „Дојди, дојди, погледни ги парите! Морам да го повикам тој господин“, рече таа.
Г-ѓа Умоду се покажала како модел на чесност и го повикала лицето од кое го земала софата да му ги врати парите.
Семејството кое ја испразнило куќата на неодамна починатиот признало дека нема поим за скриените долари, а во знак на благодарност ја наградиле госпоѓата Умода со 2.000 долари.
„Тоа ми треба за нов фрижидер“, рече чесната Умоду, која не се надеваше ни „на денар“ за нејзината искреност.