Новак Ѓоковиќ продолжува да се подготвува за настапот на првиот грен слем Австралија Опен, но и понатаму останува неизвесно дали ќе може да се појави на официјалните мечеви и да ја брани титулата затоа што неговата ситуација понатаму не е чиста и покрај тоа што сега е слободен човек откако федералниот суд одлучи да му ја врати визата.
И додека се чека било каков одговор, реакција од министерот за имиграција Алекс Хок кој има дискреција да му ја одземе визата, властите дојдоа до нов доказ, адут кој може да му направи проблеми на првиот светски рекет.
Имено има истрага за тоа дали Новак ги излажал властите во документите дека никаде не патувал 14 дена пред да дојде во Мелбурн. Во тој документ Ѓоковиќ навел дека не никаде ne патувал 14 дена пред да слета во во Австралија на 5 јануари.
Меѓутоа Србинот беше во Шпанија во одреден период, па давањето погрешни информации во тој документ е сериозен прекршок која подлежи на казна.
And there’s fresh questions over Novak Djokovic’s Australian Travel Declaration – in which he declared he hadn’t travelled in the 14 days before he flew to Australia on Jan 5. He was seen playing Tennis in Serbia on Dec 25, and training in Spain on Jan 2. pic.twitter.com/s4fGZNc280
— Karen Sweeney (@karenlsweeney) January 11, 2022
Најдобриот тенисер на АТП листата им рекол на претставниците на имиграцијата дека Тениската асоцијација на Австралија го пополнила формуларот во негово име, но службеникот истакнал дека тоа е направено врз основа на информациите дадени од човекот со виза.
Останува да се види дали ова на крајот ќе може да му наштети на 20-кратниот грен слем шампион.
Турнирот во Мелбурн започнува на 17 јануари.