Со посредство на ОН и на Црвениот Крст денеска треба да бидат евакуирани преостанатите цивили заробени со укриански борци во челичарницата Азовстал, во Мариупол, која е под руска опсада. Неколку стотици цивили успеаја да се извлечат во последните неколку дена. Азовстал е последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште.

Advertisements

-Руското бомбардирање и напад на Азовстал не прекинува. Многу деца сеуште се таму. Само замислете го тој пекол. Повеќе од 2 месеци константно гранатирање, бомбардирање, константно умирање во близина, изјави украинскиот претседател.

Руската војска негира дека  ја напаѓа челичарницата и ги обвинува украинските борци  дека не им дозволуваат на цивилите да  го напушат објектот. Рускиот претседател изјави дека украинското раководство треба да им нареди на своите борци во фабриката да го положат оружјето. Украинските војници со порака – нема да се предадаме.  Се шпекулира дека Путин сака целосно да го освои Мариупол до понеделник  9 мај, кога Русија ја слави победата над фашизмот во Втората светска војна.

Во меѓувреме американското министерство за одбрана го отфрли извештајот на Њујорк Тајмс дека  со разузнвачки информации и помогнале на Украина да таргетира и да убие неколку руски генерали, како и да го уништи крстосувачот Москва.

-Точно е дека САД ги снабдуваат силите на Киев со воено разузнавање за да им помогнат на Украиците да ја одбранат својата земја, но Украина сама одлучува што ќе презеде, изјави портпаролот на Пентагон.

-Русија знае дека САД и другите земји од НАТО постојано обезбедуваат разузнавачки информации за украинската војска. Заедно со протокот на оружје што тие земји го испраќаат во Украина, сето тоа се акции кои не придонесуваат за брзо завршување на нашата операција. Ова нема да ја спречи Русија да ги постигне своите цели изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.