Заедно со номинациите за Оскар, објавени се и номинациите за најлоши филмови на годината за наградата Златна малина, а на листата доминира продолжението на Џокер, филмот „Joker: Folie à Deux“.

Овој филм води со седум номинации, а блиску се Мадам Веб (Madame Web), Мегалополис (Megalopolis), Бордерлендс (Borderlands) и Реган (Reagan) со по шест номинации.

Џокер 2 – музичкото продолжение на филмот на Тод Филипс е номиниран за награди за најлош филм, режисер, сценарио.

Лејди Гага и Хоакин Феникс се номинирани за најлоша актерка и најлош актер, како и за најлоша комбинација на екранот.

Продолжението на „Џокер“ доби многу лоши критики по неговата премиера на филмскиот фестивал во Венеција и на крајот доживеа дебакл на бокс офисот, заработувајќи 206 милиони долари ширум светот наспроти продукцискиот буџет од 200 милиони долари.

За споредба, првиот „Џокер“ заработи повеќе од 1 милијарда долари на глобално ниво, а Феникс доби Оскар за најдобар актер.

Во категоријата најлоша актерска комбинација на екранот, интересно е што беше номинирана целата актерска екипа на „Мегалополис“.

Текстот Продолжението на „Џокер“ со најмногу номинации за наградата за најлош филм на годината „Златна малина“ е превземен од МАКФАКС.