Напаѓачот на францускиот фудбалски прволигаш ПСЖ, Бразилецот Нејмар, ќе паузира од шест до осум недели поради повреда на зглобот, објави неговиот клуб.
Бразилскиот репрезентативец се повреди во неделата на првенствениот натпревар против Сент Ентјен и беше изнесен на носилки од теренот во 57 минута.
-Прегледите констатираа дека Нејмар го повредил левиот зглоб и има повреди на лигаментите. Се очекува да мирува од шест до осум недели, се наведува во клупското соопштение.
ПСЖ наведе дека Нејмар ќе биде подложен на дополнителни прегледи во следните 72 часа. (МИА)