На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.
По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога”, на регионалниот пат Битола- Прилеп сопрено е патничко возило „голф“, управувано од лицето И.А. и при извршен преглед на возилото, во багажниот простор пронајдени се две торби во кои беа сместени вкупно 35 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми.
Марихуаната во утринските часови била пренесена од Р.Албанија, а И.А. требало да ја транспортира до државната граница со Р.Грција, каде требало да биде предадена за понатамошно пренесување до Р.Турција.
И.А. е лишен од слобода во ПС Битола и по комплетирање на целокупната документација, од страна на СВР Битола до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од КЗ.
Текстот Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога е превземен од МАКФАКС.