Околу 70 членови на медицинскиот персонал, од кои преку 20 лекари ќе добијат решенија на неопределено време. Досега тие беа ангажирани со договор на дело.
Според директорката на прилепската градска болница „Борка Талески“, Кети Смилеска тоа е големо подобрување на здравствените услуги во Болницата.
Според планот на Министерстрвото за здравство и на Владата, Општата Болница со проширена дејност од Прилеп планира вработување на неопределено време на 70-тина од досега работно ангажираниот персонал со договор на дело. Меѓу нив се повеќе од 20 лекари. Тоа квалитетно ќе ги подобри здравствените услуги, вели Смилеска.
Годинава, болницата ќе има повеќе зафати за подобрување на здравствените услуги.
За потребите на очното одделение ќе се набави нова офталмолошка опрема за извршување на современата ФАКО метода. Во тек е постапка за набавка на најсовремена опрема за болничката лабараторија со што ќе се забрзат и ќе се олеснат анализите на сите земени примероци. Ќе има комплетно реновирање на котларницата со што ќе се осовремени и ќе се унапреди процесот на затополување на болничките одделенија. За брзо очекуваме набавка на ново современо возило за Службата за итна медицинска помош, објаснува Смилеска.
Во изминатата 2023 година комплетно, за првпат, е реновирано Инфективното одделение, опремен е нов кабинет за ендокринологија, набавени се 6 нови пациент монитори – „Proview 12“ од германскиот производител „Medical Econet“ за потребите на Службата за анестезија, а во ортопедското одделение по подолго време е имплантирана тотална протеза на колено на пациент.
Прилепската болница е надлежна за здравствените услуги на околу 100 000 жители во Регионот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.