Вчера во 13.00 часот во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле 28-годишниот З.С. од Гостивар.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.