Полицијата го приведе 19-годишниот С.М. од Куманово поради брзо возење во населено место.

Според информацијата од МВР, при контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал„бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Полицијата најавува кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Текстот Приведен тинејџер од Куманово поради брзо возење во населено место е превземен од МАКФАКС.