Ноќеска во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода 56-годишниот А.Р. од Скопје.

На регионалниот пат Р-1205 во село Пишица, пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Приведен скопјанец, возел со 101 км/час на место каде е дозволено 40 км/час е превземен од МАКФАКС.