Денеска, околу 02.30 часот на локалниот пат Македонска Каменица- село Дулица, полициски службеници од ПО БПС Делчево го лишија од слобода 65-годишниот М.М. од село Дулица.

Тој управувајќи патничко возило „тико“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.75 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Приведен маж кај Македонска Каменица: возел пијан и излетал од патот е превземен од МАКФАКС.