Синоќа во 20 часот на локален пат во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.М.(32) од Република Србија.

Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.