Вчера околу 22.30 часот на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје.
Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци.
При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка.
Текстот Приведен криминалец за издржување затворска казна од 11 години е превземен од МАКФАКС.