Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 19.40 часот во тетовското село Порој го лишиле од собода Е.М.(27) од Косово, поради тоа што противправно одзел патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на лице од село Џепчиште, тетовско.

Како што соопшти денеска МВР, Е.М. е задржан во полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додека одземеното возило му било вратено на сопственикот

Текстот Приведен крадец на голф, автомобилот е вратен на сопственикот е превземен од МАКФАКС.