Вчера во 13.40 часот на место викано Брежјето во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода 58-годишниот С.Д. од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, околу 12.52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го затекнале С.Д., кој изјавил дека тој го предизвикал пожарот, односно дека сакал само да ја запали тревата на неговата нива, но пожарот излегол од контрола.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Приведен делчевец: ја запалил тревата на неговата нива, пожарот излегол од контрола е превземен од МАКФАКС.