Синоќа во 20.30 часот на улица „Иво Лола Рибар” во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка го привеле Б.Н.(42) од с.Чегране.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Текстот Приведено лице од Чегране, барано по потерница е превземен од МАКФАКС.