Ноќеска во време од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с.Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој.

При контролата во објектот, затекнати биле пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години.

Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во с.Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б.(50) од с.Добридол, затекнати се две државјанки на Р.Албанија, на возраст од 33 и 36 години.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.

Текстот Приведени седум странски државјанки при акциска контрола во угостителски објекти во Тетовско и Гостиварско е превземен од МАКФАКС.