Доцна по полноќ, полицијата ги приведее Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради сомнеж дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети.

Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката.

Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Приведени двајца крадци во Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката е превземен од МАКФАКС.