Францускиот визионер Ален Тебо ја замисли и осмисли „првата летачка јахта во светот која работи на водород“, што според наводите, ќе стане реалност веќе во 2023 година.
Зад проектот стои швајцарската нова фирма „Џет зиро-емишн“ (Jet ZeroEmission), што соработуваше со партнерите „Зенит марин“ и „ДВИН“, со цел – нов брод што не испушта штетни материи. „Летечката јахта“ ќе биде претставена следната година во Дубаи, а нејзиниот прв лет се очекува за време на Климатската конференција КОП-28 во ноември 2023 во Обединетите Арапски Емирати.
Неконвенционалната еколошка електро-јахта „Џет“ ќе има речиси футуристички изглед, а водородни горивни ќелии ќе ги напојуваат електричните мотори на јахтата. Овие ќелии ќе генерираат електрична енергија со мешање на водород и кислород. Пловилото ќе биде долго 10 метри и ќе има простор за 13 луѓе, вклучувајќи го и капетанот. Она што ја издвојува оваа јахта од другите суперјахти е тоа што ќе може „да лета и плови“ над површината на водата.
Пловилото ќе биде опремено со автоматски софтвер што овозможува лесна контрола на брзината и над морето. Швајцарската компанија тврди дека тоа ќе може да достигне брзина од 74 км/