Aктуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ од СДП и кадидатот на ХДЗ Драган Приморац ќе одат во вториот круг на претседателските избори во Хрватска што ќе се одржи на 12 јануари, јавуваат хрватските медиуми.

По пребројани 99 отсто од гласовите, Милановиќ води со 49,12 отсто, наспроти Приморац со 19,38 проценти од гласовите.

За победа во првиот круг, Милановиќ требаше да го надмине прагот од 50 отсто од гласовите, што значи дека и покрај големото водство, апсолутната победа му побегна за влакно.

Претседателот се избира со мандат од пет години и може да биде избран најмногу два пати.

Текстот Претседателски избори во Хрватска: Милановиќ и Приморац одат во втор круг е превземен од МАКФАКС.