Актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев и независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг меѓу другото зборуваа и за нивните позиции во однос на Македонија. Според Герџиков, потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од Бугарија, туку од Северна Македонија. Бугарија, вели Герџиков, сака да се почитува Договорот за добрососедство, што значи почитување на правата на Бугарите во С Македонија, запирање на говорот на омраза, да се подобри транспортната поврзаност.
Advertisements
Претседателот Румен Радев кажа дека Бугарија не може да каже „да“ за Северна Македонија за членство во ЕУ пред, како што наведе, да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата и систематската дебугаризација што се води со децении, како и уништувањето и фалисфикувањето на бугарското културно и историско наследство, и пред да се искорени говорот на омраза во учебниците и натписите на музеите и институциите, во државните медиуми и МАНУ. „Во моментов вратата за преговори за С Македонија останува затворена“, изјави Радев.