Претседателот на Естонија предупредува дека соседите на Русија мора да се подготват за најлошото

Естонскиот претседател Алар Карис смета дека соседните земји на Русија мора, како што наведе, „да се подготват за најлошото“ и оти Русија нема да се промени ниту по владеењето на претседателот Владимир Путин.

Карис за финскиот јавен сервис Yle изјави дека најважно во моментов е да се запре „руската воена машина“.

– Ќе направиме се што можеме за да ги фрлиме на колена Русија и Путин. Тогаш може да започнат сериозни дискусии за завршување на војната во Украина, рече Карис.