Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе се кандидира за избор во Европскиот парламент (ЕП) во јуни и ќе се повлече од сегашната функција доколку биде избран, соопшти вчера во интервју за белгискиот весник „Стандард“, пренесе БТА.
-Одлучив да се кандидирам на европските избори во 2024 година“, вели Мишел, додавајќи: „Ако бидам избран, ќе седнам на моето место (во Европскиот парламент). Европскиот совет може да го предвиди развојот и да го одреди (мојот) наследник до крајот на јуни – почетокот на јули“, пренесува МИА.
Четириесет и осумгодишниот Мишел е поранешен премиер на Белгија, а од крајот на 2019 година е на чело на Европскиот совет.
Тој ќе се кандидира за Европскиот парламент како водечки кандидат на неговата партија, белгиското централно-десничарско „Движење за реформи“, пренесува „Стандард“.