Албанија би можела да стане членка на Европската унија пред крајот на деценијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Ако Албанија продолжи со истото темпо, сосема е можно да се приклучи на Европската унија пред 2030 година“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рам во Тирана.

Се зависи од тоа дали ќе продолжите по истиот пат или не“, рече претседателот на Европскиот совет.

Рама неодамна обезбеди четврти мандат со својата Социјалистичка партија на парламентарните избори.

За време на предизборната кампања Рама им вети на Албанците пристапување во Европската унија до 2030 година.

Од 2014 година, Албанија е официјален кандидат за членство, а преговорите се во тек од 2022 година. Земјата е членка на НАТО од 2009 година.

Набљудувачите неодамна забележаа одреден напредок во борбата против корупцијата.

Текстот Претседателот на Европскиот совет: Албанија би можела да влезе во ЕУ пред 2030 година е превземен од МАКФАКС.