Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе присуствува на состанокот со Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Бајден ќе ја предводи делегацијата на САД на виртуелниот што ќе се одржи како дел од состанокот на лидерите на АСЕАН оваа недела. Ова е првпат по четири години Вашингтон да се вклучи на највисоко ниво со блокот што го смета за клучен за својата стратегија против Кина.
Аналитичарите велат дека средбата на Бајден со блокот од 10 нации ги одразува напорите на неговата администрација да ги ангажира сојузниците и партнерите во колективните напори против Кина.