Претседателката на парламентот во Норвешка, Ева Кристин Хансен, поднесе оставка од функцијата затоа што е под истрага дека како пратеничка користела службено сместување иако реално немала потреба од тоа.

Advertisements

Хансен беше избрана за претседателка пред околу еден месец, а оставката следува откако полицијата соопшти дека отвора истрага.

„Мислам дека е неодржливо парламентот да има претседателка која е под истрага“, изјава Хансен за норвешката новинска агенција НТБ.

Истрагата следува откако медиумите објавија дека таа додека била пратеничка продолжила да го користи службениот стан во Осло и по 2014 година, односно откако со нејзиниот сопруг купиле куќа на 29 километри од главниот град. Хансен промена на адресата пријавила дури во 2017 година, а изјави дека погрешно ги разбрала прописите.

Според норвешките правила, пратениците може да користат службено сместување само доколку живеат повеќе од 40 километри од Осло.

Прикажи повеќе