Во рамки на континуираните полициски активности за сузбивање и откривање на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога, денеска (05.08.) во 01:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршен е претрес на дом на лицето Е.Е. (41).

Притоа полициските службеници открија и запленија една кеса со околу 100 грами прашкаста материја – кокаин, чија што вредност се проценува на околу 10.000 евра.

Лицето е уапсено во Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар каде што е задржан за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против истиот ќе следи соодветна пријава.

Текстот Претрес во Скопје, запленети околу 100 грама кокаин е превземен од МАКФАКС.