Полицијата во Кочани го приведе 36-годишниот К.И.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.

Текстот Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, приведено едно лице е превземен од МАКФАКС.