Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ=7
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Потоа во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува во среда.